24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАкваробик за побрзо топење на килограмите

Акваробик за побрзо топење на килограмите

akvarobik1

Aкваробик или аеробик во вода, во последните години е се попопуларен бидејќи е докажано дека вежбањето во вода е неспоредливо поефикасно отколку во сала. Се што ви е потребно се: костим за капење, пешкир и волја за својата линија да ја доведете до перфекција.

Предностите на аквабикот во однос на другите физички активности се големи. Можноста за повреда е сведена на минимум, аекспертите тврдат дека ефикасно го намалува стресот, бидејќи вежбањето во вода е идеална терапија за опуштање и отстранување на напнатоста.

Се препорачува на жени на секоја возраст, деца во развој но и на мажите.

Аквабикот подразбира вежби за сите групи на мускули, го зацврстува и обликува телото, ја лекува гојазноста. Исто така се препорачува на трудници и на оние кои имаат проблеми со ‘рбетниот столб.

Ефектот се гледа веќе после месец дена, доколку вежбате неколку пати во неделата. Исклучителни резултати се постигнуваат и при отстранувањето на целулитот.

Основниот извор на енергијата за ова вежбање се всушност масните наслаги од организмот, па на тој начин мошне брзо ќе го изгубите вишокот на килограми.

Психолозите тврдат дека овој вид на рекреација е идеална за лицата кои се срамат од својата фигура и поради тоа не вежбаат во сала. Во вода никој не Ве гледа и така може да вежбате без оптеретување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП