20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИздадени 121 одобрение за градба во септември

Издадени 121 одобрение за градба во септември

mia

Во септември годинава се издадени 121 одобрение за градење чија предвидена вредност на објектите е 5.059.549.000 денари, објави Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење 81 или 66,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, девет или 7,5 отсто за објекти од нискоградба и 31 или 25,6 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 121 објект, на 88 или 72,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти или 27,3 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Предвидена е изградба на 502 стана со вкупна корисна површина од 42.992 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП