23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВежбањето како превенција за спречување на појавата на дијабетес

Вежбањето како превенција за спречување на појавата на дијабетес

vezbi2

Последните истражувања покажуваат дека краткото интензивно вежбање ја подобрува функцијата на инсулинската секреција, која може да послужи како превенција за спречување на појавата на дијабетес тип 2.

Според британските научници од Универзитетот во Орсеј, за превенција на дијабетес тип 2 доволно е интензивно да се вежба секој ден, и тоа само 10 минути! Иако многумина сметаат дека 10 минути вежбање неможе да променат ништо, научниците тврдат дека дури и најкратката физичка активност позитивно влијае на здравјето.

За да ја докажат својата теорија, британските научници ангажираа група на доброволци  чија мисија беше во период од шест недели, три пати неделно да возат статичен велосипед само 10 минути дневно, но во возењето да вклучат максимален напор.

При споредбата на резултатите од мерењата на излачувањето на инсулин и функцијата на панкреасот на почетокот и на крајот од експериментот, научниците забележале подобрување од 28 проценти. Затоа, научниците препорачуваат секојдневни кратки вежби за спречување на појавата на дијабетес, но и за подобрување на општото здравје, особено кај оние кои спаѓаат во најризичната група на луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП