18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмената со странство до октомври 7,86 милијарди долари

Размената со странство до октомври 7,86 милијарди долари

kamioni

Обемот на стоковната размена со странство во првите девет месеци од годинава изнесува 7.866.330.00 илјади американски долари при што вредноста на извозот изнесува 3.085.397.000, а на увозот 4.780.933.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64,5 отсто, а трговскиот дефицит e 1.695.535.000 долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Во периодот јануари-септември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 72,8 отсто и земјите од Западен Балкан со 18,1 отсто.

И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 62 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие земји 49,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП