19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген објавува четири дневен прекин на работата

Фолксваген објавува четири дневен прекин на работата

vw1

Водечкиот европски производител на автомобили Фолксваген, ќе го суспендира на четири дена производството на моделот „Пасат“, во фабриката на германскиот град Емден.

Производството, поради слабата побарувачка во Европа, ќе биде запрено на 4 дена, односно нема да работи на 8, 15 и 22 февруари и 1 март, изјави портпаролот на компанијата.

Неработните денови, како што изјави тој, ќе служат за користење на насобраните прекувремени работни часови.

Во моментов најголема побарувачка постои за моделот Голф 7, затоа претставниците изјавија дека планираат воведување на дополнителна смена во фабриката каде што се произведува овој модел, со цел да произведат дополнителни 2.000 автомобили Голф 7 во првиот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП