19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачини кои го забрзуваат процесот на слабеење

Зачини кои го забрзуваат процесот на слабеење

zachini1

Додека се борите со напорните и исцрпувачки диети, добро е да ги примените и овие совети. Постојат неколку зачини кои ќе ви помогнат побрзо да ги изгубите килограмите. Можеби ова е поедноставен начин отколку строгите диети кои наместо без вишок на килограми не оставаат без енергија.

Цимет

Само една кафена лажичка цимет на ден е доволна за да го намали нивото на шеќер во крвта, и да ја регулира преработката на јаглехидратите. Само внимателно со циметот, во поголема количина може да предизвика крварење на непцата и проблеми во работата на црниот дроб.

Мелени лути пиперчиња

Главната состојка на мелените лути пиперчиња е капсацин, кој има докажан термогенетски ефект. Го стимулира нервниот систем да ја покачи телесната температура, со што се забрзува топењето на калориите.

Бибер

Црниот бибер е една од состојките кои се ставаат во речиси секоја храна. И тоа е добро. Бидејќи тој има неколку благотворни ефекти врз организмот, а еден од нив е и губењето на килограми.

Сенф

Како и лутите пиперчиња и сенфот има термогенетски ефект. Истражувачите открија дека со една лажичка сенф во оброкот од 700 калории, ќе согорите 50 калории веднаш во текот на јадењето.

Ѓумбир

Тој е познат како билен диуретик кој освен тоа што го прочистува организмот од токсини, ќе ви помогне и во борбата со вишокот на килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП