25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога треба да вежбаме за да ослабиме повеќе?

Кога треба да вежбаме за да ослабиме повеќе?

vezbanje1

Тренингот пред појадок овозможува да се ослободите од вишокот килограми, покажува новото истражување. Имено, лицата кои вежбале пред утринскиот појадок не само што брзо ги губеле килограмите, туку имаат и понизок процент на маснотии во крвта. Според експертите, најдобро е редовно да се вежба на празен желудник, бидејќи тоа дополнително го присилува телото да црпи енергија од масните наслаги.

„Кога луѓето зборуваат за губење на тежината, тоа всушност значи губење на маснотиите“, вели д-р Џејсон Гил, водач на студијата направена на Универзитетот во Глазгов.

Во истражувањето учествувале десет луѓе поделени во три групи. Оние кои вежбале, трошеле повеќе маснотии од оние кои по појадокот седеле. Но, оние кои вежбале пред појадок изгубиле 33 проценти повеќе маснотии од оние кои вежбале по јадењето.

Тестовите покажале дека и оние кои вежбале пред појадокот имаат поголемо намалување на маснотиите во крвта, пишува „British Journal of Nutrition“.

Сепак, експертите предупредуваат дека губењето на телесната тежина и понатаму останува бавен процес доколку не се внимава на исхраната.

„Ако практикувате брзо одење еден час секој ден без да внимавате на исхраната, за десет дена ќе изгубите само околу половина килограм“, советува д-р Гил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП