20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоплана Запад ќе работи само на гас

Топлана Запад ќе работи само на гас

toplana

Топланата во скопската населба Тафталиџе отсега ќе работи на гас со што ќе се намали емисијата на штетни гасови во водухот. Компанијата „Балкан енерџи груп“ соопшти дека викендов е пуштена во употреба новата опрема со која наместо на мазут, топланата ќе работи на гас.

Инвестицијата е вредна 700 илјади евра, а станува збор за замена на двата носечки котли, кои до минатата недела работеа на мазут.

– Новата опрема е од германско производство. Се работи за четири гасни горилници со  вкупен капацитет од 132 мегавати и четири гасни рампи за довод и подготовка на природен гас. Со новите гасни горилници ќе се постигне емисиите на азотни оксиди и јаглен моноксид, гасови исклучително штетни по човековото здравје, да паднат под 100 милиграми на нормален метар кубен. Овие вредности се далеку пониски од емисиите пропишани со македонското законодавство и ги исполнуваат најстрогите стандарди на ЕУ, се вели во соопштението од компанијата.

Од почетокот на годинава компанијата доби лиценци за вршење на дејноста  производство, диструбуција и снабдување со топлина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП