19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед му одговара на Мурињо - нов договор за Руни!

Јунајтед му одговара на Мурињо – нов договор за Руни!

runco

Борбата за Вејн Руни продолжува. Ќе ја прифати ли англискиот репрезентативец понудата на „ѓаволите“?

Вејн Руни беше блиску до заминување од клубот во текот на летото, а за него заинтересирани беа големите лондонски ривали, Арсенал и Челзи. Јунајтед несакаше да ги засилува директните конкуренти, па Руни остана во клубот.

Незадоволството на Руни трае веќе две години. Доаѓањето на Ван Перси и неговата напаѓачка продукција во минатата сезона, како да ја пробуди љубомората кај Англичанецот. Тој несакаше да игра повлечено, туку во шпицот во нападот и така да докаже дека може и тој да постигне многу голови, како и Холанѓанецот.

Мојс можеби сега подлегна на притисокот и Руни игра многу поофанзивно кај него, отколку кај Фергусон, но репрезентативецот на Англија му возврати на довербата – постигна шест голови на 12 натпревари. Руни е задоволен од третманот и својата улога, па вистинско време е Јунајтед да му понуди нов договор.

Како што јавуваат извори блиски до клубот, разговорите со Руни околу продолжувањето на соработката ќе започнат во ноември, а до зимскиот преоден рок би требало да биде се познато.

Мурињо најави нова офанзива на Руни во јануарскиот преоден рок, па така за Јунајтед почнува трката со времето. Ќе успеат ли да го задржат Руни во своите редови?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП