25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААЕК ги намалува цените за интерконекција во мобилната телефонија

АЕК ги намалува цените за интерконекција во мобилната телефонија

aek1

Од денес, 01.11.2013 година, влегуваат во сила новите симетрични цени за завршување на повик во мобилна мрежа во висина од 1,2 денари за минута разговор, цени кои ќе важат за трите мобилни оператори во Република Македонија. Оваа цена претставува намалување од 70% во однос на претходната цена од 4 денари за минута разговор која важеше досега во мрежите на ВИП Оператор ДООЕЛ Скопје и ОНЕ Телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, додека во мрежата на Т-Мобиле Македонија АД Скопје ќе има намалување од 60% во однос на претходната цена од 3 денари за минута разговор, која сега изнесува  1,2 денари за минута разговор.

„Агенцијата за електронски комуникации смета дека новите драстично намалени интерконекциски цени ќе доведат до подобрување на конкурентските услови на пазарот за електронски комуникации во Република Македонија, намалување на ценовните бариери за повици надвор од сопствената мрежа, збогатување на понудата на мобилните оператори и намалување на цените кон крајните корисници на мобилна телефонија.“ – изјави Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации.

Дополнително, Агенцијата најави дека по јавната расправа за цената за завршување на СМС во мобилните мрежи која завршува денес, ќе бидат разгледани сите коментари од заинтересираните страни и во текот на оваа недела, Агенцијата ќе донесе решение со кое ќе ги обврзе сите мобилни оператори да ја применуваат новата цена. Предлогот на Агенцијата за електронски комуникации е цената за завршување на СМС во мобилна мрежа да се намали од сегашните 2 денари за СМС на 0,5 денари за СМС, односно намалување од 75%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП