20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез научна потврда нема продажба на здрава храна

Без научна потврда нема продажба на здрава храна

facts

Од 1 јануари 2014 година сите производители и увозници на храна ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.

Студијата, како што велат во Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја одобрува посебна комисија.

Оваа обврска на компаниите им ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување кој е согласно европската легислатива.

Правилникот ќе биде презентиран денеска на работилница во Стопанската комора на Македонија.

Работилницата се организира во соработка со Асоцијацијата за здравство и Здружението за земјоделство при Стопанската комора.

Пред претставниците на прехранбениот сектор ќе се обрати заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП