28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMojс е „загреан“ за Мата

Mojс е „загреан“ за Мата

matamurinjo

Англиските медиуми објавија дека менаџерот на Манчестер Јунајтед има намера во јануари да го доведе најдобриот играч на Челзи од минатата сезона.

Мурињо и натаму се нема предомислено во врска со прашањето за Хуан Мата, па одличниот шпански интернационалец не е ни близу до стартната постава.

Неможе да се каже дека не добива воопшто шанса, но фактот дека Мата очекуваше повеќе со оглед на тоа дека минатата сезона беше избран за најдобар играч од страна на навивачите, но и од соиграчите.

Поради оваа причина се почесто се говори за негово заминување од „Стемфорд Бриџ“, ПСЖ се чини дека прв стоеше во редот за неговото ангажирање, но на „светците“ им се придружија „ѓаволите“.

Дејвид Мојс по секоја цена сака посилен среден ред, затоа што во летниот преоден рок неуспеа да ангажира ниту еден од играчите кои беа на неговиот список на желби, па можеби со доаѓањето на Мата би можел да ја пополни дупката.

Од друга страна, медиумите на Островот шпекулираат дека ова е одговор на Мојс за повторното интересирање на Мурињо за Вејн Руни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП