23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона тргнува по Левандовски

Барселона тргнува по Левандовски

robertco

Тимот на Барселона има нова трансферна цел. Клубот од „Камп Ноу“ своите погледи ги насочи кон напаѓачот на Борусија Дортмуд, Роберт Левандовски, пренесуваат шпанските медиуми.

Според информациите тренерот на Барса, Тата Мартино го посакал полскиот репрезентативец и го поставил на прво место на трансфер-листата на каталонците. Истовремено блиски извори до клубот откриваат дека раководството на тимот ќе стори се за да ја задоволи желбата на тренерот и се очекува наскоро да се одржи средба меѓу Барселона и Левандовски.

Да потсетиме дека пред неколку месеци името на напаѓачот на тимот од Дортмунд беше поврзувано со Баерн Минхен. Покрај тоа и Реал Мадрид го посакува полскиот репрезентативец.

Од друга страна, анкетата на „Mundo Deportivo“ покажува дека 88 проценти од навивачите на Барса веруваат дека Левандовски ќе се вклопи одлично во тимот на Мартино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП