16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОHuawei стана спонзор на Милан

Huawei стана спонзор на Милан

milan huawei

Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ потпиша спонзорски договор со италијанскиот клуб Милан и со тоа стана „премиум“ спонзор на „росонерите“.

„Huawei“ не е првата технолошка компанија која на овој начин влегува во светот на фудбалот. Тоа веќе го сторија „Samsung“, „Sony“, „LG“ и „HTC“. Со овој договор „Huawei“ стана и главниот снабдувач на комуникациска опрема за потребите на Милан.

Договорот меѓу кинеската компанија и Милан со сигурност ќе биде добар маркетинг потег, затоа што е во прашање еден од најпопуларните фудбалски клубови. Компанијата на овој начин со сигурност ќе може да го зголеми својот рејтинг во Кина, каде што екипата на Милан има многу свои навивачи.

„Голема чест за Милан е да бидеш одбран од глобален гигант како „Huawei“ и да бидеш дел од нивниот развој и стратегии на пазарот. Ние потпишавме тригодишен договор кој ќе ни овозможи голем број на бизнис и потрошувачки активности“, вели потпретседателот на Милан, Адриано Галијани.

Спонзорството е насочено кон создавање синергија помеѓу двата бренда, а вклучува и користење на логото на Милан и фотографиите на играчите во промотивните активности на „Huawei“.

„Ова спонзорство е голема можност да се донесат нашите брендови и нашите продукти до пошироката јавност, не само во Италија и на пазарот во Европа, туку на глобално ниво. Ние сме горди што го поврзавме нашиот бренд со Милан“, изјави Даниеле Де Грандис, извршниот директор на „Huawei Device Italy“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП