25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Порталот Index.hr остро ги критикуваше хрватските функционери кои во време на економска криза во најмладата членка на ЕУ, трошат премногу пари и водат раскошен живот. Во момент кога Хрватска се наоѓа пред банкрот, кога граѓаните едвај спојуваат крај со крај и кога невработеноста во државата расте, некои претставници на хрватската политичка елита се однесуваат како пијани милијардери, пишува загрепскиот портал. Тие, како што се наведува порачуваат скапи автомобили и притоа ни најмалку не се грижат за тоа што голем број граѓани на Хрватска немаат ни нај основни услови за живот. Нивните автомобили, се додава, мора да бидат во кожа, да имаат многу коњски сили и да бидат металик боја.

Подгорица – Надворешнотрговската размена на Црна Гора за 9 месеци оваа година изнесуваше 1,61 милијарда евра, што е пад од 2,8 отсто во однос на истиот период 2012 година. Според податоците на црногорскиот Завод за статистика Монстат, Србија и понатаму е земја од која Црна Гора најмногу увезува и извезува. Црна Гора од јануари до крајот на септември извезла стока во вредност од 285 милиони евра што е над 3,4 отсто во однос на истиот период лани, а увезла за 1,33 милијарди евра, што е помалку за 4 отсто од споредбениот период, податоци се од Монстат.

Сараево – Извршниот одбор на ММФ одобри исплата на четврта транша на кредит за БиХ, од околу 47,5 милиони евра. Вкупниот износ на одобрената транша во рамки на аранжманот изнесува 211.375 специјални права на влечење, т.е. 237 милиони евра, пренесе Дневни Аваз. Стендбај аранжманот за БиХ е одобрен во септември 2012 година.

Осло – Еден Норвежанец во 2009 година купил биткоини за 27 долари и целосно ги заборавил, за неодамна да открие дека тие денес вредат дури 886.000 долари. Неверојатниот раст на вредноста на виртуелната валута биткоин, довела до тоа инвестицијата на Норвежанецот од само 27 долари за четири години да порасне во добивка од дури 880.000 долари, пишува британскиот весник Гардијан.

Анкара – Исламските банки се многу популарни во Турција. Од 2006 година тој сектор годишно расте за 25 до 30 отсто, наведе Дојче веле. Во почетокот на годината, четири исламски банки (Бенк Азија, Турки Финанс, Кувеит Турк и Албарака Турк) од кои три се од Персискиот залив, имале во Турција 900 филијали и биле 5 отсто од банкарскиот сектор во земјата. Исламските банки работат според шеријатски начела, а според Куранот, каматите се забранети, т.е. забрането е нивно барање, како и плаќање. Меѓутоа, поделбата, добивка според Куранот не е дозволена.

Москва – Владата на рускиот главен град Москва се договори со италијанскиот автомобилски концерн Фиат за монтажа на комби дукато во халите на фабриката ЗИЛ. Како што пренесе Итар тас, повикувајќи се на извор запознат со резултатите од консултацијата, од московската страна во проектот ќе учествува компанијата Мосавто ЗИЛ. Моментално во фабриката се довезуваат машини и опрема, а првите возила за монтажа ќе бидат доставени до 1 јануари 2014 година, рече изворот и објасни дека производителот има намера да влезе во режим на преференцијали. Целосната монтажа ќе почне во април во 2014 година, а во 2015 година фирмата планира да достигне капацитет од 40.000 возила годишно, наведе изворот.

Њујорк – Листата на најголеми енергетски компании во светот ја предводат фирмите Ериксон мобајл и Шеврон. Зад нив следи англиско холандската Ројал Дач Шел, а за прв пат меѓу топ пет се најде и една руска фирма Гаспром. Според објавениот рејтинг на агенцијата Платс, уште две руски фирми се најдоа меѓу првите десет – Лукоил на седмо и Росњефт на девето место. Сите три руски компании ги подобрија рејтинзите, а Лукоил се искаќи за дури четири места, пренесе Финмаркет. Останатите места меѓу 10 најголеми ги заземаа норвешката компанија Статоил која е на петто место, француската Тотал на шесто, кинеската Петрочајна на осмо и Чајна Петролеум и хемикал корпорејшен на десето место.

Москва – Руската влада усвои предлог закон за либерализација на извозот на течен природен гас ТПГ. Тој закон, како што рече премиерот Дмитриј Медведев, ќе создаде дополнителни можности за развој на цел енергетски комплекс. Премиерот очекува дека тоа на Русија исто така ќе и овозможи да стекне добар пазар посебно во брзорастечките стопанства концентрирани во Азиско-пацифичкиот регион. Според предложениот документ, право на извоз на ТПГ ќе имаат корисници на минерални ресурси, со дозвола која опфаќа изградба на постројки за преработка на ТПГ и компании со над 50 отсто удел на државата во основачкиот капитал.

Москва – Една брачна двојка од Србија во Москва направиле бизнис правејќи кори за пита. Најобичните производи на кои луѓето во Србија се навикнати како сирење, кајмак, ајвар, гибаница.. во странство се толкава реткост што побарувачката за нив наликува на потрага по богатство. Еден од таквите производи во Русија се корите за пита. Постојаната побарувачка за кори и нивното донесување од Србија, на една брачна двојка од Србија дале идеја да покренат бизнис. Во продавниците во Москва има се, речиси се. Но, на пример, кори за пита тешко се наоѓаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП