28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ додаде четири милијарди евра во буџетот

ЕУ додаде четири милијарди евра во буџетот

Jose Manuel Barroso, Martin Schultz, Eamon Gilmore

Членките на Европската унија се договорија да го дополнат буџетот со 3,9 милијарди евра, со цел да го избегнат замрзнувањето на отплатата на сметките.

Зголемувањето на буџетот беше побарано од страна на Европскиот парламент како услов за одобрување на спорниот повеќегодишен буџет за периодот од 2014 до 2020 година, соопшти Европскиот совет, пренесува агенцијата Франс прес.

Договорот вклучува околу 400 милиони евра од фондовите за солидарност, кои треба да им се вратат на Германија, Австрија, Чешка и Романија со цел да се покријат трошоците од поплавите на почетокот на годината, како и пожарите во 2012 година.

Државите на ЕУ ќе мора да обезбедат дополнителни 3,9 милијарди евра, а придонесот на секоја земја зависи од големината на нејзината економија.

Парламентот допрва треба да ја одобри измената на буџетот, а гласањето се очекува во текот на наредниот месец. Измената би требало да ја ублажи загриженоста на пратениците кои се заканија дека ќе го блокираат усвојувањето на буџетот за 2014-2020 година.

Договорените средства се дел од вкупните дополнителни средства вредни 11,2 милијарди евра, претходно договорени за покривање на дефицитот во буџетот за периодот од 2007-2013 година.

Европската комисија, сепак, напоменува дека дополнителните средства се одобрени премногу доцна за тие пари да бидат употребени, па затоа отплатата на дел од долговите ќе доцни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП