29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да конзумираме суво овошје?

Зошто треба да конзумираме суво овошје?

suvoovoshje1

Сувото овошје е едноставен и практичен извор на витамини и хранливи состојки, а неговата консумација е особено важна во моментите кога брзото животно темпо одзема многу време.

Освен што е вкусно, сувото овошје е и многу здраво и претставува одличен извор на витамини и хранливи состојки, а правилниот избор може многу да му помогне на организмот.

Суво грозје – за остеопороза

Претставува еден од најбогатите извори на бор, минерал кој докажано го намалува губењето на коскената маса кај жените во менопауза. Минералот е откриен во 1808 година, а истражувањата покажаа дека тој е многу важен елемент за здрави коски. Најбогати извори на бор се сојата, сувите смокви, сувото грозје, кикириките, лешниците и оревите.

Урми – за замор

Чувството на замор ја поттикнува желбата за слатко, токму затоа сувите урми се идеална алтернатива на чоколадата, бидејќи имаат низок гликемиски индекс, а тоа значи дека бавно го ослободуваат  својот шеќер и подолго време го задржуваат нивото на шеќерот. Урмите се идеална комбинација со оревите, бидејќи подолго време даваат чувство на заситеност.

Суви кајсии – за висок крвен притисок

Содржат три пати повеќе калиум од бананите и одлични се за одржување на нискиот крвен притисок, бидејќи калиумот има својства на диуретик, држејќи го волуменот на крвта на пониско ниво. Неодамнешните истражувања на Центарот за контрола и превенција на болести во Атланта покажаа дека поголемото консумирање калиум од натриум е одлично против високиот крвен притисок и кардиоваскуларните болести.

Суви сливи – за подобрување на столицата

Шест суви сливи или околу 50 грама, распоредени во две порции дневно побрзо и подобро го ублажуваат запекот отколку самите лаксативи. Сувите сливи се богати со сорбитол кој ја привлекува водата, а тоа пак ги намалува проблемите со запекот.

Суви смокви – за анемија

Четири суви смокви на ден прават четвртина од дневната препорачана доза на железо кое штити од анемија. Најдобар ефект се постигнува доколку ги јадете смоквите во комбинација со чаша сок од портокал. Имено, витаминот Ц го подобрува врзувањето на железото кое телото го добива од растителни извори на храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП