18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската влада планира доделување бескаматни кредити за млади семејства

Турската влада планира доделување бескаматни кредити за млади семејства

tur

Турскиот министер за семејство и социјална политика Фатма Шахин изјави, дека Владата работи на проект за доделување на бескаматен кредит од десет илјади турски лири за млади брачни двојки, објави турскиот информативен сајт „Ворлд булитин“.

Шахин нагласи дека во случај на бременост или добивање дете во првата година од бракот на семејството ќе му биде дадена можност за одложување на исплатата на кредитот.

Турската Влада планира воведување на нови стимулации за младите семејства, со цел да се зголеми наталитетот во земјата, наведува „Ворлд булитин“.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган повеќепати досега ги повикува семејствата да имаат најмалку по три деца, со цел да се задржи економскиот раст на Турција и во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП