20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВозете велосипед и намалете ги килограмите

Возете велосипед и намалете ги килограмите

W

Возењето велосипед е популарна вежба, како за рекреација, така и за намалување на телесната тежина. Со возењето велосипед можете да уживате во природата сами или заедно со вашето друштво, а освен тоа и физички се активирате.

Со возењето велосипед, вие си ја зголемувате издржливоста и ја намалувате вашата телесна тежина со забрзување на вашиот метаболизам. Во зависност од вашата тежина и интензитетот, се трошат околу 180 – 700 калории за еден час. Освен тоа, поволно влијае на здравјето на нашиот организам.

Препораките на експертите упатуваат на тоа дека во почетниот период возењето велосипед не би требало да биде подолго од дваесет минути, а процентот на продолжување на времето да биде постепено и лесно, пет до десет минути на ден.

Препорачаната здрава брзина со која треба да се движиме со цел да ослабиме со велосипед е околу 15 до 20 км/час. Се под и над оваа брзина нема да даде доволен ефект или ќе го префорсира организмот што може да доведе до воспаление на мускулите.

Предноста на слабеењето со возење велосипед е во тоа што истовремено мускулите ќе станат позатегнати, а вкупниот физички изглед со самото тоа, значително подобар.

Темпото со кое се слабее зависи од односот на калории кои се внесуваат пред возењето и кои ќе се потрошат за време на возењето. Тоа значи дека внесувањето на калории треба да се сведе на минимум доколку сакаме резултатот за губење килограми да биде поголем.

Возењето велосипед ќе ви помогне да намалите некој килограм. Ако го комбинирате со здрава исхрана со голема леснотија ќе ги стопите вишокот килограми. Возењето велосипед дава уште неколу позитивни работи:

– Ја зголемува издржливоста

– Ја подобрува моќта на белите дробови

– Возењето велосипед е одлично за колениците

– Ги обликува стомачните мускули

– Со помош на велосипедот вашите нозе ќе изгледаат беспрекорно

– Возењето велосипед ќе ве ослободи од стресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП