16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска дневно илјада лица остануваат „на улица“

Во Хрватска дневно илјада лица остануваат „на улица“

hrvatskanevraboteni1

Во Хрватска дневно без работа, во просек, остануваат околу илјада лица, но тоа се само оние кои се статистички евидентирани во Заводот за вработување, а реалните бројки се поголеми.

Во Хрватскиот завод за вработување наведуваат дека во таа земја во моментов има 343,769 официјално невработени лица.

Ако невработеноста продолжи да расте со ова темпо, Хрватска оваа зима би можела да го собори црниот рекорд, наведуваат хрватските медиуми.

Ситуацијата е полоша во споредба со истиот период минатата година. На крајот на октомври 2012 година хрватскиот завод за вработување во својата евиденција имаше 333,400 невработени, што е за околу десет илјади помалку од сега.

Динамиката на порастот на бројот на неврботени лица е повисока од минатата година – додека минатата година без работа за еден месец остануваа околу десет илјади лица, оваа година во октомври „на улица“ завршија околу 20 илјади лица.

Во текот на летото беше забележано привремено намалување на бројот на невработени благодарение на сезонските вработувања. Но, со доаѓањето на есента, листата на невработени забрзано се зголемува.

Пред 12 години Хрватска ги рушеше рекордите во невработеноста. На крајот на 2002 година на списокот на Заводот за вработување беа 411,415 лица.

Со оглед на тоа што минатата зима бројот на невработени опасно се приближи кон 400 илјади, оваа зима се очекуваат уште поголеми бројки, наведуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП