28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПостојат во секоја канцеларија: Четири видови на личности

Постојат во секоја канцеларија: Четири видови на личности

vidovi1

Секој вработен треба да знае како да се справи со различните видови на личности.

Авторот на книгата „Стилови на личноста на работното место“, Кејт Вард истакнува дека во секоја канцеларија постојат одредени модели на личности кои се специфични. Тоа се:

Модел на директна личност

Директната личност најчесто има биро преполно со документи, наредени во купови. Tие сакаат самостојно да учат и акционо се ориентирани, тие во тимот можат да изгледаат нетрпеливо или како да им е здодевно.

Модел на инспирирана личност

Работното биро на ова лице е прилично неуредно. Тие сакаат да учат во група, како и да имаат назначен ментор, а во состаноците едноствно уживаат. Зборлести се и имаат тенденција да ги преувеличуваат работите. Ваквите личности се многу добри на почетокот на проектот, но потебен им е мал поттик за да ја завршат задачата.

Модел на внимателна личност

Работното биро на овој модел обично е преполно, но тие точно знаат за секоја работа каде се наоѓа. Сакаат да учат во групи, особено сакаат да учествуваат во тимски активности. Пред почетокот на новиот проект, тие ќе се обидат да ги пронајдат сите неопходни информации.

Модел на систематска личност

Овој модел на личност ќе го препознаете веднаш според неговото уредно работно биро. Тие преферираат самостојна работа, а роковите кои им се поставени за нив претставуваат дополнителен поттик.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП