19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобрз и одржлив економски развој, порачуваат од ММФ

Побрз и одржлив економски развој, порачуваат од ММФ

IMF

На Македонија и е потребен побрз и одржлив економски раст, порачува  Бас Бекер, шеф на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд.

Смета дека фиксниот девизен курс е корисен за Македонија и тоа треба да продолжи и во иднина.

Според Бакер, кој денеска во Скопје имаше презентација на тема „Побрз, повисок, посилен – зголемување на потенцијалот за раст на Централна, Источна и ЈИЕ“, ќе треба многу време да се достигне развој со проекции за економски раст од 2-3 проценти.

– Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде одржлив и да има прилив на капитал, рече Бакер на прес-конференцијата по презентацијата.

Предвидениот раст за оваа година на земјите од регионот е 1,7 проценти, а за наредната е 2,7 проценти. Бакер потенцира дека растот следната годна во сите земји во регионот ќе биде поголем.

– Се надевам дека во иднината растот ќе биде поголем бидејќи со низок раст многу тешко дека ќе се намали невработеноста и ќе се надмине прашањето со нефункционалните заеми, истакна Бакер.

За посилен раст, спроед него, дека треба да се надминат последиците од кризата, да се подобри деловното окружување, економиите да станат поотворени и да се подобри нефункционалноста на пазарот на труд.

Смета дека се важни и политиките на владите и оти макроекономската стабилност е многу важна, каде пак клуч е фиксниот девизен курс. Добрите политики, вели, се исплаќаат со текот на времето.

Најави дека следната недела во Македонија ќе пристигне Мисија на Меѓународниот монетарен фонд за тековните состојкби во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП