20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел не сакала да зборува со Самарас за нови мерки за штедење

Меркел не сакала да зборува со Самарас за нови мерки за штедење

Angela Merkel and Antonis Samaras in Berlin

Грчкиот премиер Андонис Самарас и германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Брисел имале куса средба на маргините на самитот на лидерите на Европската унија, на која Германката одбила да разговара за одредени теми.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот „Катимерини“ дознава дека средбата меѓу Меркел и Самарас траела помалку од 15 минути и оти германската канцеларка рекла дека таа не е во позиција да коментира било што за тоа дали Грција следната година ќе мора да усвои нови мерки на штедење.

– Не-грчки извори велат дека Меркел го информирала Самарас оти за ова прашање тој ќе мора да разговара со тројката кредитори на Грција, наместо со неа, пишува весникот.

Според „Катимерини“, расположението на средбата Меркел – Самарас било сосема поинакво од разговорите на канцеларката со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес.

Упатени извори тврдат дека Меркел му честитала на Анастасијадес за спроведување на програмата за прилагодување на Кипар и сугерирала дека Никозија би можела да добие „дополнителна помош“.

Самарас претходно присуствуваше на состанокот на Европската народна партија.

Аналитичарите коментираат дека настанот бил значаен од грчки гледна точка поради тоа што Самарас бил заедно со министерот за финансии Јанис Стурнарас, кој е технократ, а не партиски функционер.

Присуството на Стурнарас би можело да се поврзе со фактот дека наредната година ќе биде именувана нова Комисија, а на него се гледа како на соодветен кандидат за една од позициите, пишува „Катимерини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП