29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Еврозоната треба да соработува повеќе

Меркел: Еврозоната треба да соработува повеќе

merkel5

Земјите кои го користат еврото мора да имаат подобро координирани економски политики со цел економијата на еврозоната да остане конкурентна и да продолжи да расте, смета Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави, пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел, дека еврозоната мора да работи, „повеќе поврзано… отколку што е случај денес“.

Владата на Ангела Меркел се обидува да ги убеди европските партнери на Европската комисија да и дадат поголеми овластувања за следење на економската политика на државите членки.

На самитот во Брисел се разговараше за превземањето нови чекори за создавање на банкарската унија со цел да се стабилизира финансискиот систем на ЕУ.

Членките на ЕУ и понатака не можат да се договорат околу тоа како ќе биде основано и финансирано ова европско тело кое ќе биде во состојба да ги спасува банките кои ќе западнат во проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП