19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСовети од експертите за совршен стомак

Совети од експертите за совршен стомак

vezbistomak1

Со цел што повеќе да ги разнообразат фитнес програмите и монотоните совети за слабеење, експертите постојано се во потрага по интересни трикови кои луѓето веднаш ќе ги засакаат и прифатат во своето секојдневие.

Експертите тврдат дека обликувањето и тонирањето на областа околу стомакот може да биде забавно и едноставно. Подолу нема да ги најдете клишеата како „пијте многу вода“, „јадете овошје и зеленчук“ или „ограничувајте ги порциите“, туку интересни вежби и движења кои ќе ви помогнат да си ја остварите целта за цврст и рамен стомак.

Мини сесија со стомачни танци. Страничните стомачни мускули ќе ги зацврстите на забавен начин со движења од стомачни танци.

-Застанете исправени и целата тежина на телото префрлете ја на левата нога.

-Десната нога ставете ја малку понапред и малку налево, така што на подот ќе ги потпрете само прстите.

-Подигнете го десниот колк, а потоа спуштете го. Ако ја ставите раката на десната страна на стомакот, веднаш ќе ги почувствувате контракциите на мускулите.

Направете барем 20 повторувања на десната, а потоа 20 на левата страна. Оваа лесна и ефективна вежба можете да ја правите буквално во секое време (додека траат рекламите на телевизија, додека зборувате на телефон итн.).

Стомачни вежби во седење. Звучи примамливо, нели? Следните две вежби можете да ги правите за време на кратка пауза додека работите на компјутер или додека сурфате на интернет.

Седнете така што задникот да ви биде колку што е можно понапред на седиштето на столот. Наведнете се наназад за да го потпрете горниот дел од грбот на потпирачот на столот. Стегнете ги стомачните мускули и подигнете го десното колено нагоре, а потоа спуштете го. Направете 15 повторувања со десната нога и 15 со левата.

Седнете на предниот раб на столот. Стегнете ги стомачните мускули и без да ги користите рацете бавно наведнувајте се наназад додека не го допрете со главата и рамената потпирачот на столот. Потоа, без да ги опуштате мускулите исправете се во првобитната положба.

Исчистете ја куќата со правосмукалка. Туркањето на правосмукалката напред-назад е одличен начин да ги вежбате стомачните без да го чувствувате тоа. Метењето со метла исто така е на листата на домашни активности кои ќе го тонираат вашиот среден дел од телото.

Замислете си дека има залепена гума за џвакање на потпирачот на столот. Додека сте на гости или пак излезени во кафуле, замислете си дека на потпирачот на столот има залепена гума за џвакање. Така нема да се потпирате и ќе бидете принудени да го одржувате горниот дел од телото цврст, при што дополнително ќе се активираат вашите стомачни мускули.

Поиграјте тенис. Секое замавнување со рекетот ги активира страничните мускули, велат експертите. Освен тоа, трчањето налево-надесно е одлична кардио активност која го вежба целото тело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП