24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлaдејачките партии во Грција се договорија: „Не“ за нови мерки за штедење

Влaдејачките партии во Грција се договорија: „Не“ за нови мерки за штедење

samaras-venizelos

Лидерите на двете партии учеснички во грчката владејачка коалиција, Нова демократиија и ПАСОК постигнаа договор за категорично „не“ за нови мерки за штедење, за евентуални предвремени избори и за нови задолжувања, објави „Етнос“.

Весникот наведува дека на синоќешната средба, премиерот Андонис Самарас и неговииот заменик и шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос договориле програмска рамка за соработка во вледејачката коалиција.

Програмската рамка вклучува 43 точки, меѓу кои и Самарас да остане премиер до крајот на мандатот на актуелната влада, да не потпишува повеќе меморандуми за кредити и да ги исполни преземените обврски кон меѓународните кредитори.

Самарас и Венизелос изјавија дека грчката економија и општество не можат да издржат повеќе рестрикции, додавајќи оти програмата претставува рамка за договор со европските партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП