Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 669.96 -1.35%    KMB 2,501.78 -0.54%    LOZP 2,100.00 0%    MPT 27,011.39 -2.66%    RZUS 94.96 3.22%    STB 901.26 -0.96%    STBP 720.00 -0.28%    TEL 260.00 -1.74%    TKVS 2,085.00 2.96%    USJE 23,000.00 0%    

HP открива: Растат цената, времето и фреквенцијата за решавање на сајбер – нападите

Време: 11:15

Датум: октомври 23, 2013

Категорија: КОМПАНИИ

HP Wallpapers

Компанијата Хјулит Пакард ги претстави резултатите од глобалната студија спроведена од Институтот Понемон (Ponemon Institute), посочувајќи дека цената, фрекфенцијата и времето за решавање на сајбернападите растат четврта година по ред.

 

Спонзорирана од HP Enterprise Security Products, студијата покажува дека, просечните годишни трошоци за сајберкриминалот, споредени со бенчмарк примерокот на американските организации, е 11.56 милиони долари, претставувајќи 78% зголемување од иницијалната студија спроведена пред четири години.Резултатите, исто така, откриваат дека времето потребно да се реши еден сајберкриминал е зголемено за 130 проценти во текот на истиот период, со вкупна просечна вредност на трошоците за решавање на поединечен напад од милион долари.

 

Софистицираноста на сајберкриминалот, во текот на овие години, рапидно се зголемила како што противниците се специјализираат и ги делат информациите со цел да добијат осетливи податоци и да пореметат критични функции на компаниите. Според студијата од 2013, напредните безбедносно-интелигентни алатки, како што е (SIEM – security information и event management), системот за мрежна интелигенција и за анализа на големи податоци, значајно може да помогнат да се ублажат нападите и да се намалат трошоците за сајберкриминал

 

Клучни наоди од студијата во 2013 година се:

 

  • Просечните годишни трошоци на едно претпријатие против сајбер криминалот се 11.56 милиони долари, односно рангирани од 1.3 до 58 милиони долари. Ова е раст од 26% или 2.6 милиони долари над просечниот трошок од минатогодишниот извештај
  • Организациите се поуспешни бидејќи имаат 122 успешни напади во неделата, зголемени од 102 напади во една недела во 2012 година.
  • Просечно време за решавање на сајберкриминалот е 32 дена, со просечни трошоци во текот на овој период од 1,035.769 долари или 32.469 долари на ден – 55 процентно зголемување во однос на лани кога беа пресметани трошоци од 591,780 долари за 24-дневен период

Пејсажот од закани продолжува да еволуира, како што сајбернападите имаат пософистицирано, фреквентно и финансиско влијание“, вели Франк Монг, заменик претседател и генерален менаџер, Solutions, Enterprise Security Products, HP. „За четири последователни години, забележавме заштеда на трошоците кои ги овозможуваат безбедносно-интелигентните алатки и практиките на управување кои се спроведуваат во претпријатијата и како HP,  сме посветени да продолжиме да ги испорачуваме двете водечки решенија за индустријата и истражувања за оневозможување на  животниот циклус на противничкиот играч“.

 

Реални трошоци на сајбернападите

 

  • Најскапите сајбернапади се предизвикани од „услугите за негирање“, малициозните инсајдери и нападите базирани на веб, кои заедно опфаќаат 55% од вкупните трошоци на сајберкриминалот по организациија на годишна основа.
  • Кражбата на информации продолжува да претставува најголем надворешен трошок, со краткорочни бизнис-прекини. На годишно ниво, загубата на информации зафаќа 43% од вкупните надворешни трошоци, помалку за 2 проценти од 2012 година. Прекинот на бизнисот или губењето на продуктивноста се пресметува на 36% од надворешните трошоци, зголемени за 18% во однос на 2012 година.
  • Обновувањето и детекцијата се најскапи внатрешни активности.
  • Сајберкриминалот варира во зависност од големината на компанијата, но помалите организации прават значително поголеми трошоци по човек отколку големите организации.
  • Организациите во финансискиот сектор, одбраната, енергијата и комуналните услуги доживуваат значително поголеми трошоци за сајбекриминал отколку трошоците кај продажбата на мало, здравството и потрошувачките продукти.

 

Безбедносно-интелигентните решенија и практиките на управување прават разлики

 

  • Организациите кои користат безбедно-интелигентна технологија се поефикасни во детектирање на содржината на сајберкриминалот и доживуваат просечна заштеда од близу 4 милиони долари на годишно ниво и 21% поврат на инвестиција во однос на другите технолошки категории
  • Распоредувањето на практиките на безбедносно управување на претпријатието, вклучувајќи и инвестирање во соодветни ресурси, назначување на лидер за безбедност и вработување на сертифициран или експертски персонал, може да ги намали трошоците на чинење на сајберкриминалот и да овозможи организацијата да заштеди околу 1.5 милиони долари во текот на годината.

 

„Информациите се моќно оружје во арсеналот на организациите за сајбер-безбедност“, вели др. Лери Понемон, шеф и основач, Понемон институтот. „Базирајќи се на светските реални исксутва и интервјуата со повеќе од 1.000 светски професионалци за безбедност, трошоците за истражувања на сајбер криминалот обезбедуваат вредносен увид внатре во причините и трошоците од сајбер-нападите. Истражувњата се дизајнирани да помогнат организациите да направат најефективни трошоци преку одлуките за минимизирање на најголемите ризици за нивните компании“.

 

Како дополнување на четвртата годишна студија на американските компании, Понемон спроведува студии за сајбер трошоци во Австралија, Германија, Јапонија и Велика Британија, втора година по ред. Студија за француските компании е направена прв пат годинава. Од земјите опфатени со истражувањето, примерокот на САД покажува највисоки просечни трошоци на сајберкриминал од 11.6 милиони долари, додека Австралија има најмали трошоци од 3.7 милиони долари.Глобалните резултати се достапни во посебен извештај насловен како „Глобаленизвештај за трошоците на сајбер криминалот 2013“.

 

Наодите од студиите ќе бидат презентирани на 29. и 30.октомври. Деталите за вебинарот во САД може да се најдат на https://www.brighttalk.com/r/ghs. Деталите за вебинарите на државите од Европа, Среден Исток, Африка и Азиско-пацифичките држави може да се најдат на https://www.brighttalk.com/r/nDs и https://www.brighttalk.com/r/xDs, respectively.

 

Со производите, кои се лидери во индустријата, од ArcSight, Fortify и TippingPoint, HP има сеопфатно безбедносно портфолио кое овозможува компаниите да преземат проактивен пристап кон безбедноста и кој го интегрира поврзувањето информации, длабинските анализи и одбранбени мрежни механизми. Со HP Enterprise Security Products, бизнисите се поспособни да го прекинат непријателскиот напад, да ги менаџираат ризиците и да ги прошират сопствените безбедносни капацитети за подобра заштита на нивните организации.

 

Дополнителни информации за HP Enterprise Security Products се достапни на www.hpenterprisesecurity.com. HP премиерата на настанот HP Discover наменет за клиентите од ЕМЕА регионот, ќе се одржи на 10-12 декември 2013 година во Барселона, Шпанија.

 

За HP

 

HP создава нови можности за технологијата да има корисно влијание врз луѓето, бизнисите, владите и општеството. Како најголема технолошка компанија во светот, HP соединува портфолио што опфаќа печатење, користење на персонални компјутери, софтвер, сервиси и инфраструктура на информатичка технологија со конвергенцијата на облачето и поврзливоста, создавајќи совршено конзистентни, безбедни искуства земајќи го предвид контекстот за еден поврзан свет. Повеќе информации за HP (NYSE: HPQ) може да се добијат на следнава интернет страница http://www.hp.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ВИП со поддршка на Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

    ВИП со поддршка на Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

    Со големо задоволство Вип ja најавува поддршката на Светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE кој ќе се одржи од 28ми до 30 април во Скопје.…

  • Barclays со над двоен раст на профитот за првиот квартал

    Barclays со над двоен раст на профитот за првиот квартал

    Британската банка „Barclays“ оствари над двоен раст на профитот за првиот квартал на годината. Инвестициското банкарство не успеала да го искористи „бумот“ со трговијата на…

  • Профитот на Airbus е намален за половина во првиот квартал

    Профитот на Airbus е намален за половина во првиот квартал

    Европската компанија за производство на авиони „Airbus“ објави поостар од очекувањата пад на профитот од 52% за првиот квартал. Падот се должи на пониските цени,…

  • Газпром го зголеми профитот за 21 процент

    Газпром го зголеми профитот за 21 процент

    Нето профитот на Газпром минтата година е зголемен за 21 процент, благодарение пред се на растот на продажбата на сирова нафта и гас. Нето добивката…

  • Lufthansa со прва добивка за првиот квартал од 2008-ма

    Lufthansa со прва добивка за првиот квартал од 2008-ма

    Германската авиокомпанија „Lufthansa“ ја намали веројатноста за купување на други авиокомпании во вторникот и изјави дека ќе работи напорно на трошоците, откако забележа добивка за…

  • Coca-Cola укинува 1.200 работни места

    Coca-Cola укинува 1.200 работни места

    Приходите и добивката на „Coca-Cola“ во првиот квартал остро паднаа, поради слабеењето на побарувачката за газирани пијалоци. Поради тоа најголемиот светски производител на тие пијалоци…

  • Рудникот Саса доби нов директор

    Рудникот Саса доби нов директор

    Неил Роберт Стевенсон од Австрија е новиот генерален директор на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица. Тој на директорската позиција во рудникот за олово и цинк…

  • Атлантик Група постигна значителен раст на профитабилноста во првиот квартал

    Атлантик Група постигна значителен раст на профитабилноста во првиот квартал

    Атлантик Група, благодарение на подобрувањето на продажбата во првиот квартал на 2017 година забележа значително зголемување на профитабилноста. Добивката пред камати, даноци, депресијација и амортизација…

  • АgileBits дава 100.000 американски долари ако ја пробиете нејзината заштита

    АgileBits дава 100.000 американски долари ако ја пробиете нејзината заштита

    Компанијата АgileBits, која стои зад еден од најпопуларните алатки за заштита на вашите лозинки 1Password, соопшти дека е зголемена максималната награда за откривање на багови…

  • Deutsche Bank сели 4000 работни места од Британија?

    Deutsche Bank сели 4000 работни места од Британија?

    Германска Deutsche Bank би можела да пресели 4000 работни места од Британија, рече директорката за регулаторни работи во банката, Силвија Матерат. „За работење со клиентите…