17 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси прв фудбалер во ТОП 10 најпопуларни спортисти во САД

Меси прв фудбалер во ТОП 10 најпопуларни спортисти во САД

Lionel-Messi

Аргентинскиот репрезентативец и член на Барселона, Лионел Меси е првиот фудбалер што успеал да влезе во ТОП 10 листата на најпопуларни
спортисти на Америка.

Според истражувањето кое го спроведува светски познатиот спортски канал ЕСПН, Меси се пласира на седмото место, а како доказ за растот на популарноста на фудбалот во САД е и
податокот дека „сокер“ стана втор најпопуларен спорт кај лицата на возраст од 12 до 24 години.

– Очекуваме по Мундијалот во Бразил идната година фудбалот уште повеќе да добива на популарност и кај луѓето од другите старосни групи, а пред се кај најмладите, истакна Сет
Адлер директор на маркетинг службата на ЕСПН.

Трите водечки позиција на најновата ТОП 10 листата во истражувањето на ЕСПН ги држат Мајкл Џордан, Пејтон Менинг и Леброн Џејмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП