19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Еропската комисија и се заканува банкрот

На Еропската комисија и се заканува банкрот

baroso13

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара итен прилив на пари, со цел да не дојде до банкрот на оваа институција.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц на почетокот на пленарната седница во Стразбур изјави дека Баросо го контактирал со барање за дополнителни 2,7 милијарди евра во буџетот за 2013 година, за да може Европската комисија да ги исполни своите финансиски обврски.

Тој истакна дека Европската комисија, доколку не и бидат одобрени дополнителни средства, ќе остане без пари до средината на месец ноември.

Тој изјавил дека до проблемите дошло поради „помалиот прилив од царината“ и дека за оваа ситуација се одговорни државите членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП