19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОбликувајте го вашето тело со качување по скали

Обликувајте го вашето тело со качување по скали

vezbiskali1

Секојдневно си изнаоѓаме голем број изговори и причини зошто се уште не сме почнале редовно да вежбаме. Но, ако размислиме реално, ниту една од тие причини не е вистинска и само се залажуваме себеси. Престанете со ова и преземете акција. Ајде да се активираме, се што ни е потребно се скали, скали во нашиот двор, зграда или некои скали на јавно место каде повеќето вежбаат.

Качувањето по скали ги раздвижува мускулите на долниот дел од телото, па затоа е одличен особено за женскиот пол. Ова е пример за еден комбиниран тренинг:

1. Загревање, барем 5 минути. Вежби за размрдување и бавно качување по скалите.

2. Качување на секоја втора скала. Направте 4 серии по 20 чекори со двете нозе.

3. Скокови со двете нозе на секоја скала, со чучнување. Направете 4 серии по 15 скока.

4. Брзо искачување на скалите со бавно спуштање назад. Направте 4 серии по 50 чекори со двете нозе.

5. Скокови на секоја втора скала. Направете 4 серии по 10 скока.

6. Брзо качување и брзо симнување. Направете 4 серии.

7. Истегнување, околу 5 минути.

Методот на вежбање е кружен, што значи дека ги повторувате сите вежби по ред, 4 пати. Овој тренинг ќе ви одземе околу 30 минути дневно, а резултатите кои ќе дојдат по ваквото вежбaње ќе ве направат среќни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП