20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООткриен тајниот третман на Кристијано Роналдо

Откриен тајниот третман на Кристијано Роналдо

ronii

Сите се восхитуваат од физичката состојба на Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Реал Мадрид несомнено посветува голем дел од денот во вежбање во теретана, но не само во тренинг центарот на „кралевите“.

Шпанските медиуми сепак ја открија најголемата тајна на португалскиот фудбалер. Тој има инсталирано специјален уред за криотерапија во својата куќа во Ла Финка, што му овозможува да се опоравува по секој натпревар и секој тренинг.

Во август Роналдо платил 45.000 евра, за овој уред да биде инсталиран во неговата куќа.

Криотерапијата ја зголемува циркулацијата. Кај спортистите се користи за побрзо закрепнување од повреди и по сериозни оптоварувања.

Криотерапија предизвикува некроза, која е резултат на замрзнување на клетките.

Механизмот на дејство се состои во брз трансфер на топлина од кожата. Најчесто користениот криоген е течниот азот со ТК- 196С. Брзината на топлотниот трансфер зависи од разликата во температурите помеѓу кожата и течниот азот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП