25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо подготви 50 милиони фунти за Имбула и Мангала

Мурињо подготви 50 милиони фунти за Имбула и Мангала

Mourinho-Mangala-Imbula-300x203

Раководството на Челзи има намера да го засили составот во текот на зимата со халфот на Олимпик Марсеј, Жилберто Имбула и дефанзивецот на Порто, Елиакуим Мангала.

Според британските медиуми, Мангала, за кој е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, може да биде откупен за 37 милиони фунти.

Менаџерот на „сините“ Жозе Мурињо сепак се надева дека ќе ги обезбеди услугите на 22 -годишниот француски репрезентативец за 25 милиони, со користење на своите контакти во Порто, кој под водство на Португалецот триумфираше во Лигата на шампионите во 2004-та година.

„Сините“ ја подготвиле истата сума и за сонародникот Имбула. 21-годишниот фудбалер беше меѓу желбите на Челзи, откако не успеаа да го доведат Пол Погба од Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП