29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал „загриза“ за Бензема

Арсенал „загриза“ за Бензема

karim

Менаџерот на „топџиите“ е решен веќе во јануари да го доведе во своите редови напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Според последните информации Арсен Венгер одлучил да ги „олесни“ „кралевите“ за уште еден играч!

Како што тврди менаџерот на Бензема, Венгер во јануари ќе подготви „испробан рецепт“ и ќе понуди околу 40 милиони евра за францускиот напаѓач, кој има лоша сезона во редовите на Реал.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти секако ќе ги сослуша сите понуди кои во јануари ќе пристигнат за Бензема, поради тоа што ќе му бидат потребни пари за доведувањето на Суарез или Фалкао, кои се првите желби на Италијанецот.

Со овој трансфер сите три страни би требало да бидат задоволни, останува да се види дали Венгер е подготвен потворно да го „одврзе ќесето“.

Арсенал го доведе Озил во летниот предоден рок, а поранешниот член на Реал веднаш стана незаменлив во стартните 11 кај „топџиите“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП