28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто прекувремената работа е контрапродуктивна?

Зошто прекувремената работа е контрапродуктивна?

vreme1

За многумина, во денешно време, прекувремената работа стана нормална појава. Ова посебно е изразено во малите претпријатија.

Според резултатите од многу истражувања, ако работите повеќе од 40 часа неделно можете да станете многу непродуктивни и многу уморни. Тоа е лоша вест, за оние работници кои на работа поминуваат во просек  55 саати неделно. Но, не само што е бескорисно, туку е и штетно.

Краткорочна корист

За  40 работни часови неделно се изборија синдикатите, а работодавците се сложија бидејќи нивните анализи покажаа дека тоа е добра бизнис одлука. Постојат многу истражувања кои ја подржуваат таа одлука од почетокот на 20 век. Докажано е дека во просек, 10 часовно работење не е повеќе продуктивно во однос со 8 часовно работење.

Но, понекогаш прекувременото работно време не е лоша идеја. Од него може да се добие краткорочна корист, на пример, кога компанија лансира нов производ или постои рок за завршување на некој проект. Во просек, со продолженото работно време може да завршите од  20 до 30 отсто повеќе работа.

Психолошки притисок

Решението е едноставно, не останувајте подолго време во канцеларија. Главниот проблем е како да се натерате себе си и да си отидете порано, психолошкиот момент во оваа ситуација е најтежок.

Со прекувремената работа понекогаш сакаме да си докажеме нешто на себе, отколку навистина да бидеме продуктивни.

„ Живееме во компетитивно општество и со нашето лелекање сакаме да докажеме колку сме посветени на работата и семејството“, појаснува социологот Лаура Вандеркам.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП