24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси одбил понуда oд четврт милијарда

Меси одбил понуда oд четврт милијарда

mesi

Најдобриот фудбалер во светот за последните четири години Лионел Меси ја отфрлил можноста да си замине од Барселона во текот на летото, пишува „Мундо Депортиво “.

На „Камп Ноу“ пристигнале три „грандиозни понуди“ за 26-годишниот Аргентинец, а еден од предлозите бил во вредност од 250 милиони евра.

Имено таква е откупната клаузула и со пријавувањето на оваа сума го прави каталонскиот клуб немоќен да го запре трансферот.

Фудбалерот сепак ја одбил мегапонудата која била придружена со „вселенска“ плата. Засега клубот не се споменува, но е познато дека негов генерален спонзор е германскиот концерн „Adidas“.

Меси повеќе години е врзан со овој бренд, иако Барселона соработува со „Nike“. Од „Adidas“ сонуваат Лео да ги смени „сино-црвените“ со опрема на „Adidas“.

Сандро Росел добро сфаќа дека интересот за Лео е многу голем и размислува да му ја крене платата уште повеќе. По новиот договор на Кристијано Роналдо, „десетката“ на „каталонците“ заостанува назад со плата. Сепак љубовта кон тимот и градот во моментов го држи цврсто врзан за клубот од „Ноу Камп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП