29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас се закани со напуштање на Реал

Касиљас се закани со напуштање на Реал

Iker-Casillas

Доколку голманот Икер Касиљас и натаму биде во втор план кај тренерот Карло Анчелоти, најави заминување од Реал Мадрид, тим во кој е член од 1990 година и каде ја помина целата своја кариера.

– Ако состојбата не се промени во следниве три месеци, размислувам да ја променам средината. Ова е необично решение, но едноставно сакам повеќе да играм, изјави Касиљас и додаде дека ова не е притисок врз тренерот туку дека сака да се наметне преку работа.

Според него сите играчи се себични, но професионалци кои мораат да си го одработат тоа за што се платени.

– Во екипата 24 фудбалери се борат за првиот тим, а одлуката на тренерот е кој ќе истрча на теренот и тоа го почитувам. Ќе тренирам уште повеќе со цел да влезам во првите 11, истакна шпанскиот репрезентативан голман кој стартното место во Реал го загуби минатата сезона кога тренер беше Жозе Мурињо.

Касиљас во „кралскиот клуб“ има забележано 656 настапи, освоено пет титули првак на Шпанија и два трофеја од Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП