20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора организира тркалезна маса за металниот сектор

Стопанската комора организира тркалезна маса за металниот сектор

sko

Стопанската комора на Македонија денеска организира тркалезна маса за металниот сектор на тема „Металниот комплекс – стратешка гранка за развој на националните економии и економијата во ЦЕФТА-регионот”.

Организирањето на тркалезната маса е во согласност со усвоената програма на партнерскиот проект ЦЕФТА-ДИХК и е посветена на бизнис-заедницата, стопанските комори, претставници на Владата.

– Тркалезната маса се очекува да ги идентификува состојбите во металниот комплекс во ЦЕФТА-регионот, проблемите и предизвиците, како и да испорача препораки до владите овој комплекс да прерасне во движечка сила за очекуваниот развој во регионот, соопшти Стопанската комора.

Комората посочува дека Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа цели, меѓу другото, кон раст на вработеноста преку зајакнување на индустриската база во регионот, унапредување на извозот на високо финализирани производи и кон зголемување на интрарегионалното вмрежување на производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП