28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрение за ТТК банка а.д. Скопје за продажба на свои акции преку...

Одобрение за ТТК банка а.д. Скопје за продажба на свои акции преку јавна понуда

ttk

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Македонија на вчерашната седница даде одобрение ТТК Банка а.д. Скопје да продаде сопствени акции по пат на јавна понуда.

Предмет на понудата се 24.092 обични акции кои претставуваат 2,65 проценти од вкупниот број издадени акции од ТТК Банка АД Скопје. Номиналната вредност е 1.000 денари по акција.

КХВ соопштува дека оттуѓувањето на сопствените акции ќе се реализира на Македонската берза АД Скопје согласно моделот на минимална цена, при што приоритет се дава на налозите со повисока цена и порано време на внес на налогот.

Минимална продажна цена  е 727 денари по акција. Јавната понуда ќе се смета за успешна, доколку се оттуѓат најмалку шеесет проценти од понудените акции во Проспектот.

Продажбата на сопствените акции, ТТК Банка а.д. Скопје ја врши врз основа на Законот за банки според кој сопствените акции мора да се оттуѓат во рок од една година од денот на стекнувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП