24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали трикови за намалување на апетитот

Мали трикови за намалување на апетитот

namaliteapetit

Малите промени во начинот на хранење често се поефективни во борбата со вишокот килограми отколку ригорозните диети. Јадете од мали чинии, пијте повеќе вода, јадете супа пред главното јадење, консумирајте зелен чај, намалете го алкохолот – тоа се само дел од популарните трикови за слабеење.

Во продолжение ќе најдете неколку помалку познати трикови за топење на вишокот на килограми и зачувување на витката става.

1. Сината боја сметајте ја за „убиец“ на апетитот. Сакате да јадете помалку? Јадете од сини чинии. Верувале или не, докажано е дека сината боја го намалува апетитот. Зошто? Зеленчуците, овошјето и месото најчесто се во црвена, жолта и зелена боја, а во природата ретко ќе пронајдете храна со сина боја. Па, логично е да не ја поврзуваме сината боја со храна и автоматски да не ни се отвора апетитот кога сме „изложени“ на оваа боја.

Изберете си сина чинија, или пак, син чаршаф за масата. Без и да почувствувате, апетитот ќе ви се намали и ќе внесете помалку калории од обично. Спротивно на сината, црвената боја го стимулира апетитот, па избегнувајте црвени чинии и чаршафи за маса.

2. Заљубете се во аромата на ванила. Запалете свеќа со мирис на ванила за да го намалите апетитот. Експертите објаснуваат дека вдишувањето на арома на ванила пред јадење помага да се чувствувате позадоволни затоа што го прелажува мозокот дека сте изеле повеќе, а вие всушност ќе внесувате помали порции.

Ванилата помага и да ја намалите желбата за консумација на слатка храна. Сладникавата арома на ванилата ќе придонесе поретко да посегате по чоколадата.

3. Не јадете заедно со слаби пријателки со голем апетит. Кога жените јадат на иста маса заедно со слаби жени со голем апетит, консумираат повеќе калории. Зошто? Затоа што потсвесно си велат нешто во стилот: „Штом таа може да јаде толку и пак да е слаба, нема да ми наштети ако и јас каснам малку повеќе“.

4. Приготвувајте комплицирани рецепти. Наместо брза храна, пригответе си оброк според комплициран рецепт. Колку подолго готвите, толку повеќе ќе ви се намалува апетитот. Зошто? Цело време пред очи ќе ви бидат различните состојки кои ќе ги користите, а освен тоа ќе вдишувате различни ароми, па ќе чувствувате поголема ситост од помало количество храна.

5. Користете голема виљушка. Уште еден чуден, но интересен заклучок: луѓето кои јадат со голема виљушка консумираат помалку калории. Зошто? Научниците објаснуваат дека кога луѓето јадат со мала виљушка им се чини дека бавно ја консумираат храната, односно не прават голем напредок во „гасењето“ на гладот, па вложуваат повеќе напори за да постигнат ситост и како резултат на тоа јадат повеќе.

6. Складирајте ги слатките и тортите во непроѕирни кутии. Не го ставајте остатокот од тортата или неодоливите колачиња во проѕирна пластична кутија. Луѓето кои користат проѕирни кутии почесто паѓаат во искушение да и се насладат на храната што е внатре. Со непроѕирната кутија нема при секое отворање на фрижидерот да ви се активира апетитот.

Па, ставете ја кутијата со торта во задниот дел на фрижидерот, а напред истакнете ги зеленчукот и овошјето. Истражувањата покажуваат дека луѓето се посклони да ја консумираат храната што им е на дофат на рака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП