25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Подгорица – Рускиот државјанин Виктор Голиков, административен директор на компанијата Беплер Јакобсон Монтенегро, која стопанисува со хотелите Авала и Бјанка, протеран е од Црна Гора. Како што се наведува, на Голиков забранет му е влез во Црна Гора на две години. Таа одлука е донесена поради основано сомневање дека Голиков нема да се занимава со работата за која добил работна дозвола, изјавено е од полицијата.

Пекинг – Светот, покрај должничката криза во САД, треба да размисли за деамериканизација, се наведува во коментар на кинеската државна новинска агенција Синхуа. Кинеската агенција наведе дека светот, во време додека американските политичари се борат да стават крај на финансиската блокада на својата влада и да избегнат потенцијален катастрофален банкрот, треба да размисли за деамериканизација. – Додека американските политичари од двете партии не успеваат да постигнат договор за да ја вратат државата во нормална состојба со која се фалат, можеби сега е вистинско време збунетиот свет да почне да ја разгледува идејата за деамериканизација.

Берлин – Ако не дојде до некои промени, Германија како најсилна европска економија, ќе има голем специфичен проблем. Никој нема да сака да биде шеф, пишува Дојче веле. Како што наведе весникот, причините за тоа што ретко кој сака да води некоја компанија се многубројни, недостиг на време, недоволно слобода и креативност… – Лице кое води фирма мора да биде стручно оспособено. Сепак, шефот сатнува добар директор само кога зад себе има добар тим, па треба да умее да поврзе и мотивира различни луѓе – вели Гудрин Хапих.

Софија – Невработеноста во Бугарија порасна во септември, по политичката криза која во текот на летото ја потресуваше најсиромашната членка на ЕУ. Официјалните податоди се дека стапката на невработеност во септември се зголемила на 10,08 од 10,07 отсто од август, наведе Заводот за вработување. Синдикатите веќе долго предупредуваат дека вистинската невработеност е многу поголема, а мисијата на ММФ во јули исто така заклучи дека невработеноста е неприфатливо висока.

Париз – Многу Французи сметаат дека нивната земја не очекува брзо стопанско зајакнување и не верува дека владата ќе успее да ја подобри економската состојба во земјата. Ова се резултати на анкетата на истражувачкиот центар ЦСА. Како што пренесе Ројтерс, 64 отсто граѓани на Франција оценија дека стопанската криза ќе потрае, додека 34 отсто анкетирани веруваат во зајакнување на стопанската активност, додека само 2 отсто испитаници сметаат дека до подобрување на економската состојба во земјата ќе дојде многу брзо.

Вашингтон – Меѓународните финансиски институции соопштија дека на земјите од централна и југоисточна Европа за седум месеци обезбедиле кредити од над 16 милијарди евра. Европската инвестициона банка ЕИБ, Светска банка и Европската банка за обнова и развој ЕБРД истакнаа дека се на пат да ги реализираат вкупните планирани инвестиции за поттик на економскиот раст во централна и југоисточна Европа. Трите меѓународни финансиски институции ИФИ, ова го објавија во текот на викендот на годишното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Пекинг – Стапката на инфлацијата во Кина во септември оваа година достигна 3,1 отсто, што е највисоко ниво за последните седум месеци. До раст на инфлацијата дојде главно поради растот на цените на прехранбените производи, предизвикани од лошите климатски услови. Цените на земјоделските производи во истиот месец пораснаа за 1,5 отсто во однос на август, поради сушите и поплавите во повеќе региони во Кина.

Јоханесбург – Милиони хектари земја во Африка, Азија и Латинска Америка преминаа во раце на инвеститорите а тоа одземање на земјата најмногу ги погоди земјоделците и селаните. Траењето на договорот е 99 години па и повеќе, каматите за закуп се многу ниски, дел се пониски од едно евро по хектар годишно. Изминатите години 33 милиони хектари земја во државите во развој и државите со забрзан развој, дадени се во закуп на странски инвеститори или се продадени, пишува Дојче веле, повикувајќи се на проценките на меѓународните невладини организации. За дополнителни 54 милиони хектари моментално се преговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП