25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го зголеми буџетот за оваа година

ЕУ го зголеми буџетот за оваа година

Belgium Nobel Peace

Претставниците на 28 земји членки на ЕУ денес се договорија да бидат одблокирани 3,9 милијарди евра за буџетот за оваа година.

На овој начин се овозможува финално гласање за европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година.

Таа одлука ја донесоа постојаните претставници, а формално ќе биде усвоена од ресорните министри на членките на ЕУ, се прецизира во соопштението на Европскиот совет.

Овие пари ги бараше европскиот парламент како услов на 23 октомври да се гласа за буџетот за 2014-2020 година. Претседателот на одоборот на ЕП за буџет Ален Ламасур се закани дека во спротивно ќе го одложи гласањето.

Европската комисија побара 11,2 милијарди евра за 2013 година.

Членките на ЕУ денес се договорија да бидат одблокирани 400,5 милиони евра од Фондот за буџетска солидарност во корист на Германија, Австрија и Чешка за штетите од полавите во мај и јуни оваа година и во корист на Велика Британија за штетата од пожарот кој ги уништи шумите во текот на летото во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП