29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да го подобрите метаболизмот

Како да го подобрите метаболизмот

Ако сте решиле да придонесете за вашата општа здравствена состојба и да го подобрите метаболизмот, тогаш е најдобро да внесете промени во животниот стил. Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за многу промени, кога еднаш ќе го фатите редот, сами на себе ќе си бидете благодарни.

Доколку честопати ве мачат гасови во стомакот, тешко чувство во желудникот и лесно се дебелеете, тогаш е многу веројатно вашиот метаболизам да не работи како што треба. Добрата вест е дека за тоа има лек.

1. Утрински вежби

Најдобро време за вежбање е наутро, а најпаметно е да одберете аеробни вежби (трчање, возење точак, пешачење). Не мора да претерувате, важно е да вежбате редовно. Оганизмот мора да се навикне на тоа, а за видливи резултати е потребно малку повеќе време.

2. Урамнотежена исхрана

Организмот првин ги троши јаглехидратите што му се потребни за енергија, а ако ги нема доволно се префрла на мастите, а потоа на вишокот  маснотии. Затоа, немојте никако да се изгладнувате бидејќи токму тоа влијае лошо на метаболизмот. Здравите јаглехидрати треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана, но да не бидат над 20 отсто од вкупно внесените намирници.

3. Правилен распоред на оброците

Некои луѓе мислат дека ако еднаш или двапати јадат на ден побрзо ќе ослабат. Тоа е многу погрешно мислење, на тој начин метаболизмот се забавува, а може да се наруши и здравјето. За подобрување на метаболизмот треба да имате пет оброци дневно, но во што помали количини. Никако немојте да се прејадувате, а појадокот секогаш нека ви биде богат и здрав.

4. Правилен избор на течности

Заборавете на алкохол, кофеин и газирани сокови ако сакате здрав и функционален метаболизам. Најдобро е да се пие вода и тоа дневно околу 2 литри. Водата има важна улога во функционирањето на метаболизмот, а доколку ги сакате соковите, консумирајте свежоцедени.

5. Грижете се за умот

Освен исхраната, и стресот може да го наруши метаболизмот. Обидете се барем десет минути дневно да си се посветите сами на себе, медитирајте, цртајте, дишете длабоко, слушајте музика и слично. Правете го тоа што ќе ве смири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП