24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте невработеноста во Бугарија

Расте невработеноста во Бугарија

bugarija1

Невработеноста во Бугарија во септември се зголеми, по политичката криза која во текот на летото ја потресе најсиромашната членка на ЕУ, покажуваат официјалните податоци.

Стапката на невработеност во септември се зголеми на 10,8 од 10,7 проценти од август, наведува бугарскиот Завод за вработување, пренесува агенцијата Франс прес.

Синдикатите веќе предупредија дека реалната невработеност е многу поголема, а мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во јули, исто така, заклучи дека невработеноста е неприфатливо висока.

Стапката го достигна осумгодишниот максимум од 12 проценти во февруари, кога уличните протести против растот на цените на енергенсите и намалувањата на платата доведоа до пад на поранешната конзервативна влада. Новата влада започна со работа во мај, но и таа беше под притисок, и покрај ветените мерки за намалување на сиромаштијата и поттикнувањето на економијата.

Се предвидува дека невработеноста во 2013 година во просек ќе изнесува 13 проценти, во однос на минатогодишните 11 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП