16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватски Кумeл ќе инвестира во Македонија

Хрватски Кумeл ќе инвестира во Македонија

gujo

Хрватската компанија Кумeл ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.

Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади метри квадратни и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.

Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.

– За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра, изјави Лалиќ.

Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.

– Она што е важно е дека само два месеца по отворањето на зоната во Штип имаме нова компанија која ќе ја реализира својата инвестиција. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри.

Со завршување на проектот се очекува во првата половина на мај да се започне со градба и шест месеци оттогаш, односно ова време идната година производствениот капацитет да биде завршен, истакна Мизо.

Во моментот хрватската компанија е во фаза на подготовка на проектната документација
потребна за изградба на погонот во Штип.

Груевски ја поздрави одлуката на Кумел за инвестирање во Македонија Најавената инвестиција на хрватската компанија Кумел во Македонија ќе отвори нови работни места и ќе овозможи работа за домашните компании, оцени премиерот Никола Груевски на денешната средба со претседателот на Бордот на директори и извршниотдиректор на Кумел, Славен Куфнер и Александра Лелиќ.

Претставниците на Кумел го информираа премиерот дека нивните органи на управување

донеле одлука за реализација на инвестиција во Република Македонија и отворање капацитет во технолошко-индустриската развојна зона Штип. Инвестицијата е во вредност од 7 милиони евра и ќе овозможи стотина директни и индиректни вработувања.

Според Кумел, поволностите што ги овозможува Македонија за странските инвеститори, како што се ниските трошоци и даноци, и соодветната и квалитетна работна сила, придонеле за нивната одлука за лоцирање на дел од нивниот бизнис во Република Македонија.

Премиерот Груевски, соопшти владината служба за информирање, изразил задоволство од одлуката на компанијата „Кумел“ за инвестиции во нашата земја.

– Тој, поздравувајќи ја инвестицијата, истакна дека таа значи отворање нови работни места што е стратешка
определба на Владата и можност за бизнис на повеќе локални економски субјекти кои во иднина ќе соработуваат со компанијата „Кумел“ како добавувачи на определени добра или пак во сферата на логистиката на поддршка на процесот на производство.

Премиерот Груевски истакна дека Владата ќе продолжи со напорите за унапредување на условите за
инвестиции и со ориентираноста кон поддршка на инвеститорите, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП