19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделена Нобеловата награда за економија

Доделена Нобеловата награда за економија

nobelova2

Нобеловата награда за економија е доделена на американските научници Јуџин Фама, Ларс Петер Хансен и Роберт Шилер за истражувањето кое го подобри квалитетот на долгорочните проценки за цената на активите, објави денес Одборот за доделување на Нобелова награда во Стокхолм.

„Невозможно е да се предвиди каква ќе биде цената нa акциите и обврзниците за неколку дена или недели, но можно е да предвиди нејзиниот поширок тренд во подолг временски период, на пример, во наредните три до пет години, беше потврдено од страна на овогодинешните победници“, нагласи Одборот на Кралската академија при доделувањето на наградата.

Паричниот награден фонд изнесува осум милиони куни (1,25 милиони долари).

Однесувањето на цената на активата е клучно за донесување на одлуката за штедење, купување на куќа и економската политика на државата, потсетуваат членовите на академијата.

„Грешките при одредувањето на цените на активата можат да придонесат со појава на финансиска криза, а неодамнешната глобална рецесија покажува дека таквата криза може да и наштети на целата економија“, се додава во соопштението по повод доделување на наградите.

Нобеловата награда за економија се доделува од 1968 година и не беше дел од првичната група на награди која ја основаше Алфред Нобел во 1895 година, а во неа беа вклучени мировните активности, физиката, хемијата, медицината и книжевноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП