28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ќе почне да произведува автомобили со автопилот

Toyota ќе почне да произведува автомобили со автопилот

tojotaa

Автомобилскиот концерн „Toyota“ најави дека има намера да лансира серија на автомобили со автопилот.

Новата генерација автомобили ќе може да менува брзина без помош на возачот, што ќе помогне за спречување на несреќи. Автомобилите на јапонската компанија со самоуправувачка технологија ќе бидат достапни на пазарот за само неколку години.

Автоматското управување ќе може да го дешифрира растојанието до следниот автомобил, и во зависност од овој показател самостојно да ја менува брзината.

„Системот ќе може да спречи човечки грешки, а со тоа да се намали стресот при возењето и да им помогне на возачите да избегнат сообраќајни несреќи, што може да го намали и бројот на смртните случаи на патиштата“, истакнаа од „Toyota“.

Автопилотот ( Automated Highway Driving Assist ( AHDA )) ќе им овозможи на возилата да комуницираат безжично, за да не се судираат. Водечките производители на возила со години работат за создавање компјутерски систем кој да ќе преземе голем дел од управувањето на автомобилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП