19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартува производството на i-Road

Стартува производството на i-Road

iroad

„Toyota“ го најави почетокот на производството на концептот „i-Road“, бидејќи е планирано ова возило на електричен погон кое се потпира на три тркала, да се појави на пазарот во текот на наредната година.

Концептот „Toyota i-Road“ за прв пат беше претставен за време на авто-саемот во Женева во март оваа година, но имаше многу мали индикации дека јапонскиот производител некогаш ќе започне со производство на овој модел.

Ова возило го карактеризираат димензиите од 2350mm должина, 850mm ширина и 1445mm висина, а се очекува да биде директен конкурент на моделот „Renault Twizy“.

За снагата на концептот „Toyota i-Road“ се задолжени двата електромотори кои се поврзани со литиум-јонската батерија. Од „Toyota“ истакнуваат дека со едно полнење возилото може да помине до 50 километри, додека останатите информации за производната верзија се уште се непознати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП