20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот замок Амберли (фото)

Луксузниот замок Амберли (фото)

amb2

Замокот Амберли во Англија има легендарна историја која започнува пред околу 900 години.

Тука престојувала кралицата Елизабета I од 1588 до 1603, Чарлс II бил чест посетител, а замокот дури и бил под опсада кога Кромвел го нападнал за време на Англиската Граѓанска Војна.

Во замокот се влегува преку подвижен мост и неверојатна порта направена од дабово дрво (портата понекогаш се спушта навечер).

Ѕидовите високи 18 метри, на кои се уште стојат кулите, целосно го затвораат централниот двор во кој е сместена прекрасна градина.

Одличната средновековна атмосфера е се уште присутна, собите и ходниците се украсени со витешки оклопи, а по ѕидовите висат таписерии, самострели и други типови на оружја.

Хотелот располага со само 19 луксузни соби во кои има елегантни кревети со завеси, стари ѕидни украси и теписи, но и модерни придобивки како џакузи бањи.

amb3

amb5

amb4

amb1

amb6

amb9

amb10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП