25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСептември најдобар месец во историјата на BMW

Септември најдобар месец во историјата на BMW

bmww

Групацијата „BMW“ ги објави резултатите од работењето на оваа компанија за месец септември, при што тоа е најдобриот месец септември во историјата на компанијата.

Пред неколку дена „Mercedes“ објави дека оваа компанија остварила рекордна продажба, а сега и „BMW“ се огласи за истиот повод.

„BMW“ несметајќи ги „MINI“, „Rolls Royce“ и своето мотоциклистичко одделение, продал 158.029 возила во текот на минатиот месец, што е зголемување од 7.6 проценти, односно 146.852 автомобили колку биле испорачани во 2012-та година во септември.

Зголемувањто на продажбата е главно последица на добрата продажба на Серија 3 која постигнала зголемување на продажбата за 13.9 проценти. Досега во текот на годината баварскиот производител продал вкупно 1.209.598 возила што е за 9 проценти повеќе отколку една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП