25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИмате проблем со паркирањето, Форд ќе ви помогне!

Имате проблем со паркирањето, Форд ќе ви помогне!

ford parking

Форд го претстави новиот систем кој му овозможува на возачот да го паркира автомобилот, иако не се наоѓа во него. Во оваа компанија веруваат дека овој систем ќе го направи полесно паркирањето во тесните паркинг места.

Се проценува дека само на улиците во европските градови постојат околу 30 милиони паркинг места. Иако во последните 20 години просечната ширина на автомобилите порасна за 16 проценти, многу од тие места ги задржаа истите димензии, a тоа значително го отежнува секојдневното паркирање и излегување од возилата.

Форд во рамките на манифестацијата „Ford Futures“, која се одржа во Белгија, го претстави „Fully Assisted Parking Aid“ системот за автоматско паркирање кој ќе им помогне на возачите во таквите ситуации.

Системот користи технологија која веќе постои во Форд, како што е асистенцијата при паркирање, „Active Park Assist“. Најпрво со помош на ултразвучни сензори одредува дали паркинг местото е доволно големо за автомобилот. Кога системот ќе даде „зелено светло“ за паркирање, возачот го активира системот со притискање на копчето во автомобилот или на далечинското, ако се наоѓа надвор од возилото.

Технологијата се уште се испитува на прототипи, а во Форд велат дека следниот чекор е примена во сериските модели.

Слична технологија за целосно автономно паркирање разви и компанијата Волво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП